Златната крв е нешто слично како благородната сина крв, но иако има кралско место во медицината, нејзините носители немаат кралско потекло. Златната крв, всушност, е прекар за најреткиот вид негативен Rh-фактор, таканаречен Rh-ништо.
Овој тип е толку редок, што во светот има само 43 луѓе, а до 1961 година, кога првпат била дијагностицирана крвта, лекарите мислеле дека ембрионите со овој тип крв ќе умрат во матката. За да го дознаат одговорот на прашањето зошто е таа толку ретка и зошто е опасно да се живее со неа, мора да се вратиме малку во минатото.
Во античките времиња нашите предци знаеле многу малку за крвта, но тоа не им пречело да изведат низа различни теории за тоа што всушност е крвта – овие теории варирале од време до култури. Така, лекарите од времето на Шекспир верувале дека крвта е една од четирите телесни течности.
Уверувањето уште од времето на грчките лекари е дека овие течности одредуваат нечија личност. Крвта (латински сангуис) се сметала за топла и влажна, па станала дел од ликот на сангвикот. Колку повеќе крв личноста имала во својот организам, толку таа била пострасна, похаризматична и поимпулсивна. Се верува дека тинејџерите имаат многу крв и дека мажите имаат повеќе крв отколку жените.
Тоа довело до низа лоши медицински совети. Најславниот меѓу сите бил оној на докторот Гален од Пергам, кој верувал во мислата: – Кога се сомневаш, пушти крв. Тој ја прогласил крвта како доминантна течност, а пуштањето на крвта – начин за балансирање на телото.
Откритието на Вилијам Харви од 1628 година за циркулацијата на крвта е едно од големите медицински откритија што довеле до развој на модерната хематологија. Набрзо следувале и првите обиди за трансфузија на крвта, но неуспешни, сѐ до обидот на британскиот лекар Ричард Нин во 1665 година. Неговата операција била спроведена врз кучиња, а успехот го поттикнал доктор Жан-Баптист Денис да се обиде да изведе трансфузија од животни на луѓе, наречена „ксено трансфузија“. Пос смртта на пациентот, оваа практика била забранета.
Првата успешна трансфузија на крв била изведена во 1818 година, со што британскиот доктор Џејмс Блундел успешно спречил крвавење по породување. И покрај техниката и некои успешни примери, голем број пациенти години подоцна умирале при трансфузијата од мистериозни причини.
Австрискиот лекар Карл Ландштајнер во 1901 година започнал да работи на класификација на крвни групи. Ја истражувал работата на физиологот Леонард Ландоис, кој покажал дека крвните клетки се окупираат кога од едно животно се ставаат во друго. Ландштајнер сметал дека слично може да се случи и со трансфузијата од човек на човек, што објаснило зошто трансфузиите биле неконзистентни.
Во 1909 година ги класифицирал крвните групи А, Б, АБ и О, а во 1930 година добил Нобелова награда.
Зошто златната крв е најреткиот тип?
Претходно споменавме дека RhD протеинот се однесува само на еден од 61 потенцијален протеин во Rh-системот. Крвта се смета за Rh-негативна ако ѝ недостигаат сите 61 антиген во Rh-системот. Ова не само што ја прави ретка, туку и значи дека може да ја прими кој било со редок тип на крв во рамките на Rh-системот. И токму затоа се нарекува златна крв.
Таа е медицински доста важна, но со неа е опасно да се живее. Ако на личноста што е носител на Rh-фактор ѝ е потреба трансфузија на крв, може да биде претешко да се најде донатор.
Околу крвните групи и понатаму постојат мистериозни прашања, на пример, зошто луѓето развиле А и Б антигени. Некои теории велат дека овие антигени се нуспроизвод на разни болести со кои луѓето се соочиле во минатото. Но, тоа не може да се тврди со сигурност.
Be the first to write a comment.