Фотографија од сообраќајна несреќа на делницата Катланово-Петровец пристигна попладнево до редакцијата на „Макфакс“.

Според фотографијата, судрени се две возила, а патот е затворен и има голема колона од возила.

Дека движењето е отежнато покажува и „Гугл мапс“. Повеќе детали од МВР очекуваме наскоро.