Несреќа се случила вечерва во Белград, кога балкон се откачил и паднал од зграда во Нов Белград. Како што е наведено на ФБ страницата Мој Белград, бетонскиот балкон паднал од 11 кат.

– Булевар Михајло Пупин 145. Паднат голем бетонски балкон од солитер од 11-ти кат. Известени се пожарникарите и комуналното претпријатие. За среќа нема повредени – пишува на ФБ страницата.

– Ова се случува по втор пат оваа година во иста зграда, само друга вертикала. Чиста среќа е што никој не е повреден, очигледно има голем проблем кој треба да се реши. Веќе не се чувствувам безбедно кога поминувам, а има 5 такви солитери – вели жителка на овој пасијанс.