Вечерва се случи тешка сообраќајна несреќа на крстосницата меѓу улиците Крсте Петков Мисирков и Гоце Делчев кај трговскиот центар Мавровка во Скопје, дознава 24 инфо.

Според очевидци во сообраќајната несреќа учествуваат четри возила на лице место има и возило на брза помош за повредените патници, но не е познато колку се тешки повредите.

Увидот е во тек. Нема детали за несреќата, а се очекува МВР да излезе со повеќе информации.