Каролина Лима, бразилска манекенка и инфлуенсерка, е позната по своите бујни, раскошни облини, а на Инстаграм ја следат над 4 милиони луѓе. На оваа социјална мрежа таа често се фали со својата прекрасна фигура на разголените фотографии, а неодамнешните папарацо слики докажуваат дека нејзините атрибути не се резултат на фотошоп или добри пози. Имено, папараците ја „уловиле“ на плажа во Мајами.

Атрактивната русокоса уживаше во сончањето и пливањето, а на плажата продефилира во ситно светло жолто бикини кое ја истакна нејзината голема позадина, но и бујните гради. Сите фотографии од плажата можете да ги погледнете во нашата галерија.

Каролина, инаку, во јавноста стана позната како избраничка на Нејмар, а подоцна влезе во романса со друг фудбалер – Едер Милитао, моментално играч на Реал Мадрид.

Таа и Едер минатата година ја добија ќерката Сесилија, но целиот настан не помина без драма. Имено, фудбалерот ја напушти Лима само неколку дена пред породувањето, но ниските удари не завршуваат тука. Поведе и судски процес за да му ја намали алиментацијата на детето за 1.100 евра месечно и покрај тоа што заработува 7 милиони евра годишно!