Како понекогаш одењето во теретана само по себе да не е најомилената работа на светот, Алиса Конкел (26) од Илиноис сега стана уште поогорчена. Оваа несреќна жена доживеала несреќа на лентата за трчање, а работите да бидат уште полоши, срамниот момент стана вирален.

Алиса се сопна бидејќи врвките од патиките и се одврзаа додека трчаше на лентата за трчање и таа падна, а потоа хеланките и се закачија на машината и следната секунда лежеше на машината за вежбање само во нејзината танга. Пред тоа, несреќната жена се сопнала на патеката и очајно се обидела да се фати за рачките, но се било неуспешно.

“Се чувствував многу засрамено. Морав веднаш да заминам. Само трчав во теретана, а справата ми ги соблече хеланките! Таа беше поставена на 10-ка и одеше навистина брзо”, коментирала несреќната Алиса.

„Ги повредив лицето, усната, колената и ги изгребав потколениците. За среќа, немаше многу луѓе во теретана, а госпоѓата што случајно се најде таму ме праша дали сум добро“, додаде таа и снимката ја објави на социјалните мрежи.

„Ова ми се случи и кога имав 10 години и тогаш ја удрив брадата, па сега навистина се плашам од траки за трчање“, заклучува таа.