Ѕвездата на комедијата „Wild ‘N Out“, Џеки О, почина на 32-годишна возраст, објави TMZ. Џеки почина во Мајами, каде од неодамна престојуваше со нејзината мајка.

Тажната вест ја потврдија и креаторите на познатото шоу, кои ја објавија тажната вест и преку официјално соопштение.

– Многу сме тажни поради смртта на Жаклин Смит, попозната како Џеки О, талентирана членка на семејството „Wild N Out“. Ќе биде запаметена засекогаш. Џеки беше сакана од сите нејзини колеги на сетот, во текот на сите пет сезони на шоуто. Уште поважно, таа беше одлична мајка на три прекрасни деца. Изразуваме искрено сочувство – се наведува меѓу другото во соопштението.

Зад себе ги остави ќерките Нова и Нала и синот Принс. Се уште не е позната причината за нејзината смрт.