Млада Македонка доживеала непријатно искуство по исцртувањето на веѓи во еден козметички салон во Скопје. Вели целосно и се издеформирало лицето, имала отоци и црвенило и морала да прима инекции.

Својата приказна, со цел да ги предупреди девојките, ја сподели во групата Женски домаќински муабети на Фејсбук. И како што и самата вели во објавата, не го обвинува само козметичкиот салон туку сака да предупреди дека алергиските реакции на фарбата која се користи може да се, како во нејзиниот случај многу интезивни.

Студиите покажуваат дека 37% од луѓето кои користат фарба за коса, или како во случајов за веѓи, имаат чешање или други реакции по употребата. Може и цел живот да сте користеле фарба и одеднаш да доживеете алергиска реакција. Нејзината објава ви ја споделуваме во целост:

“Го објавувам постов со цел да не се зафркнете како и јас, да внимавате каде одите да правите тинт на веѓи, да правите прво тест за алергија пред било каква фарба да ставите на веѓи, трепки или пак коса.

Не сакам јавно да го објавам козметичкиот салон, бидејќи мислам дека не е целата одговорност само нивна, иако нивната грешка е што не ми направија пач-тест за алергија, иако во упатството пишува дека е морално да се направи и дека може да предизвика алергиска реакција.

После 24 часа ми се појави страшно црвенило, и оток на веѓите кој ме чешаше до лудило, до вечерта се појави оток на очите и носот, како и изместување на целото лице и очи, завршив на инекции и терапија која се уште ја примам.“ вели младата македонка во нејзината објава.

Алергиска реакција на фарба е можна во било кој период од животот. Многу е важно да знаете и превенирате – односно, на секое пакување на фарба за коса пишува дека пред да ја нанесете треба да направите тест на мал дел од кожата и да почекате 48 часа, па да ја користите ако изостане било каква реакција.

„ Пред три дена се решив конечно прв пат во мојот живот да се офарбам, незнаејќи дека сум алергична на фарба. Првиот ден откако се вратив од фризер главата ме чешкаше, ама сите ми рекоа дека тоа било нормална појава после фарбање од хидрогенот, потоа, наредниот ден главата уште повеќе ме чешаше, до степен на лудило, чешањето не престануваше, а челото малку ми беше отечено. Наредниот ден кога станав цела глава ми беше издеформирана до тој степен да неможам да си го препознаам ликот. Сакам да ве предупредам дека оваа алергија јас што ја добив може да се појави и на некој што користел фарба предходно, затоа мој совет е секогаш пред да се фарбате да проверувате прво како ќе реагира вашиот органзам, бидејќи доколку не се ургира на време може да дојде до посериозни последици.“ вели друга македонка која исто така доживеала страшно искуство по користење на фарба за коса во овој случај.

Ваквите случаи се чести, но во ретки случаи можат да доведат до сериозна алергиска реакција за која е потребно итна медицинска помош, како што и може да се види на овие фотографии кои ги споделуваат луѓе од целиот свет, со цел да ги предупредат останатите да внимаваат. Хемикалијата што го предизвика сето ова е „p-Fenilendiamin (PPD)“. Иако сите фарби за коса се полни со хемикалии, во главно токму „PPD“ е главната причина за тешки алергиски реакции, а најчесто ја има во потемните нијанси.

Инаку, строга препорака на Светската здравствена организација е дека учеството на оваа хемикалија во производите за коса не треба да надминува два проценти. Парафениленедиамин е хемикалија која може да се најде во мастилото за тетовирање, принтерите и горивото и е познато по своит иритнанти и алергени својства. Еден од најчестите симптоми во овој случај е појавата на контактен дерматитис. Се манифестира со лушпест осип, кој дава чешање и се појавува на лицето, очните капаци, ушите или вратот.

Алергиската реакција обично се јавува до два, три дена по употребата. Временскиот период по кој исчезнува варира од неколку дена до недели. Исто така луѓето кои веќе имаат некои алергии (полен, прашина, храна и сл.) се во поголем ризик да имаат алергии и на бојата за коса. Во многу ретки ситуации, алергиите можат да бидат опасни по живот, предизвикувајќи анафилактичен шок. Отекување на очите, усните, јазикот, отежнато дишење или гадење – Ако ги забележите овие симптоми, итно побарајте медицинска помош!