На социјалните мрежи се шири неверојатна снимка на која се гледа како планинар се нашол лице во лице со заштитнички расположена и наизглед лута црна мечка.

Планинарот се соочил со застрашувачкото животно додека се спуштал низ јапонската планина Футаго, која исто така е и вулкан. Планинарењето на Футаго носи голем ризик.

Додека јапонската црна мечка трчала по него низ планината, можеме да видиме како човекот се обидува да се одбрани така што замавнува по животното и го удира по нос.

Мечката дошла на неколку центиметри од лицето на планинарот и можеме да претпоставиме дека тоа било најстрашниот момент во животот на овој човек.

Неверојатен расплет

На снимката, за која изгледа дека е снимена од камера на шлем, се гледа како мажот замавнува со рацете и нозете кон мечката. По 30-тина секунди борба за живот, мечката бега со младенчето кое се појавило од зад грмушките и ја следело својата мајка.

Тоа на крајот било и објаснувањето за агресијата која мечката ја покажала кон планинарот.