Брендон Лонер од Флорида бил снимен како го користи својот едногодишен син како жив штит за време на судир со полицијата.

Полицијата на округот Флаглер одговорила на повикот од жена која пријавила дека нејзиниот партнер Лохнер го киднапирал нивниот син под закана со пиштол.

Полицајците го забележале како невнимателно вози со дете во скутот, а тој одбил да застане на нивно барање.

На крајот се паркирал во ресторан на Мекдоналдс, а од возилото излегол со бебето во раце. Камерите покажаа како тој одбива да го спушти детето кога неколку полицајци го опколија.

На крајот успеале да го зашеметат со пиштол за шок, по што тој паднал на земја, а полицаецот го прифатил детето.

Лохнер сепак даваше отпор при апсењето и мораше да биде совладан со помош на куче.

Детето и е вратено на мајката, а Лохнер е обвинет за киднапирање, користење на дете како штит, отпор со насилство, занемарување на детето, бегство и несовесно возење.