Докажаниот македонски интерпретатор Ѓоко Ѓорчев денеска се присети на огромна трагедија која се случи пред точно 33 години.

Македонскиот Том Џонс, како што го нарекуваат пријателите, раскажа потресна приказна која ги вознемири неговите следбеници на социјалните мрежи.

„На овој ден пред 33 години, во тешка сообраќајна несреќа во центарот на Белград, драгиот Бог ми помогна да го зачувам мојот живот, а мојот драг другар Саша Којиќ на свои 26 години си замина кај драгиот Бог и верувам дека е во рајските градини кај него. Драги пријатели, возете внимателно! Само еден момент е доволен да ги напуштите најмилите. Животот е премногу краток, затоа треба да го почитуваме и да живееме во мир и во слога, чесно и да си го сакаме драгиот Бог. На овој ден секогаш се молам за моите пријатели и македонскиот народ да живеат во мир и слога и секогаш да ги чува нашиот Спасител.

Во сеќавање на Саша Којиќ, најголем другар, кој го сними својот прв албум во 1988 година, а неговиот чичко Драган Којиќ Кеба му ја посвети песната „Мој брате“ која подоцна беше голем хит“, напиша Ѓорчев.