Репрезентацијата на Македонија во овие моменти го игра вториот натпревар од Президент Купот на Светското првенство во Полска и Шведска.

Избраниците на Кире Лазаров откако не успеаја да ја минат групната фаза и беа поразени во трите дуели против Норвешка, Холандија и Аргентина, разигруваат за пласман од 25 до 32 место на Мундијалот.

Денешен ривал на Македонија е незгодната селекција на Тунис, која во првото коло од Президент Купот го совлада Мароко.

По 30 минути игра Македонија има негатива од 2 гола, односно губи со 16:14. По стартните 5:0 за Тунис ние фативме резултатски приклучок и промашивме зицер за израмнување 15:15, по што Тунижаните го затворија првото полувреме со гол и предност од 16:14.

Најефикасен во нашиот состав е Дејан Манасков, кој по 30 минути игра има постигнато 6 погодоци (4/4 од пенал) и Филип Кузмановски со 4. На голот одличен е Никола Митревски.