Навивачите на Шалке уште еднаш покажаа дека пријателството со навивачите на Вардар, Комитите, е големо и нераскинливо.

На денешниот натпревар меѓу Ајнтрахт Франкфурт и Шалке, популарните УГЕ, на трибините на „Дојче Банк Парк“ стадионот, поставија транспарент со кој му оддадоа почит на загинаиот навивач на Вардар, Дарко Смоковски-Смок.

„Почивај во мир Дарко. Ултрасите никогаш не умираат“, пишуваше на транспарентот кој го поставија фановите на Шалке.

Кон крајот на минатата година, во несреќа животот го загуби 23-годишниот Комита, Дарко Смоковски-смок.

Надлежен јавен обвинител веднаш по настанот издаде повеќе наредби за утврдување на причините за несреќата. Освен издадената наредба за обдукција на починатиот, повикан е Државниот инспекторат за труд да изврши детална контрола на работењето на фирмата, како и техничка инспекција да ја провери исправноста на лифтот. Доколку при проверките од соодветните институции биде утврдена кривична одговорност, тие своите извештаи ќе ги достават на надлежно постапување на јавното обвинителство, стои во одговорот од Обвинителството до МКД.мк.

Обвинителството, според доказите кои се чекаат од издадените наредби за вештачења треба да утврди дали овој случај ќе биде затворен како несреќа или ќе има кривична одговорност.