Македонските ракометари денеска го играат последниот меч на СП- еве од колку часот

Репрезентацијата на Македонија денес ќе го одигра вториот натпревар од Президент Купот на Светското првенство во Полска и Шведска.

Избраниците на Кире Лазаров откако не успеаја да ја минат групната фаза и беа поразени во трите дуели против Норвешка, Холандија и Аргентина, ќе разигруваат за пласман од 25 до 32 место на Мундијалот.

Денешен ривал на Македонија ќе биде незгодната селекција на Тунис, која во првото коло од Президент Купот го совлада Мароко. Натпреварот почнува од 18 часот.

На денешната програма на Светското првенство ќе бидат одиграни шест натпревари од главната фаза. Свој настап ќе имаат репрезентациите кои се наоѓаат во 3-та и 4-та група.