Пожар избувнал во хемиската фабрика Меламин, во словенскиот град Кочевје, откако утринава околу 8.30 часот во неа се слушнала силна експлозија, информираат локални медиуми.

Служби за интервенција се на местото на несреќата, затворен е главниот пат низ Кочевје, соопштија од Полициската управа во Љубљана.

Медиуми пишуваат дека густ црн чад се крева над градот.

Според неофицијалните податоци на Радио Словенија, експлодирал бојлер.

Од Управата за заштита и спасување информираа за над 10 повредени, едно лице се здобило со тешки изгореници.

„Дошло до истекување на опасни материјали“

Над местото се надвисна густ чад, а полицијата ги повика околните жители да ги затворат прозорците и да не излегуваат надвор.

Препорачуваме луѓето да ги затворат прозорците и вратите и да не се задржуваат надвор на 500 метри од местото на експлозијата. Имаше истекување на опасни материи, но тие нема да излезат надвор од кругот на фабриката“, соопшти Спасувачката служба.

📸

📸

📸

📸