Сообраќајна несреќа во која автомобил удрил во други паркирани автомобили се случила во средата околу 17 часот на улицата Ксаверска во главниот хрватски град Загреб.

Работници до доцна синоќа ја чистеле улицата од остатоците од уништените автомобили, а откако биле отстранети останатите автомобилите, еден од нив целосно уништен останал покрај заштитниот ѕид.

-Седевме во кафуле, кога автомобилот буквално прелета пред нас, секунда подоцна слушнавме силен тресок. Крш и лом. Камења и парчиња летаа на сите страни, дури и чашите ни паднаа на терасата од кафулето и се скршија. Овој што прелета покоси неколку автомобили, изјави за хрватските медиуми сведок на сообраќајната несреќа.

– Еден човек беше облеан во крв, го однесе брзата помош, а друг, возачот кој удри во автомобилите, беше неповреден – додаде сведокот.

Еден од учесниците во несреќата побарал лекарска помош, но нема потешко повредени.

📸

📸

📸

📸

📸

📸

📸