Маж во БиХ направил хаос во продавница во Сански Мост поради расипана правосмукалка. На социјалните мрежи се појави видео од неговото дивеење во продавницата.

На снимката се гледа човек кој дошол во продавницата да се пожали за расипана правосмукалка. Од вработениот побарал замена на уредот или враќање на парите, пишува Кликс. Човекот на вработениот му ги покажал документите дека правосмукалката веќе била во сервис.

Продавачот му рекол дека не може да ги исполни неговите барања, на што купувачот бурно реагирал. Ја земал правосмукалката и почнал да ја фрла низ продавницата, а во исто време ги пцуе вработените.