Американец кој бил заразен со мајмунски сипаници во Мексико побегнал во Америка и го донел првиот случај на оваа болест во Тексас.

Според информациите, тој откако избегал од здравствената установа, се вратил во хотелот и се качил во авион за Тексас.

Пред да отпатува за Мексико, човекот поминал пет денови во Германија.

Шпанија воведува вакцинација

Шпанија ќе започне со вакцинирање на лицата кои биле во близок контакт со заболени од мајмунски сипаници, откако од 19. мај досега 242 лица биле позитивни на овој вирус, соопшти Министерството за здравство на Шпанија.

Можно е да се вакцинираат само блиските контакти или лица кои се изложени на висок ризик од тешко заболување поради малата количина на вакцини против мајмунска сипаница, се додава во соопштението.

Околу 200 вакцини Imvanex беа доставени во Шпанија пред четири дена, а владата сака да купи повеќе од овие лекови преку програмите на Европската унија.

Повеќе од 1.200 случаи на мајмунска сипаница се потврдени во околу 30 земји каде болеста не е ендемична, најмногу во Европа.

Шпанија денес регистрира девет нови случаи.