Полицијата во Загреб реши случај на исчезната жена уште во 2011 година. Откриено е дека постарата жена била убиена, а телото замотано во тепих било фрлено во бунар.

Зад убиството стои користољубие, односно осмничениот 63-годишен маж, најверојатно ја убил за да ѝ го земе станот.

Според истрагата, меѓу 12 октомври и 5 ноември во 2011 година, на неодреден начин, од користуљубие, со цел присвојување недвижност односно стан на оштетената, најверојатно на адресата на живеење, тој ја убил.

Потоа, телото го завиткал во тепих и го пренесол бо викендичка во широкото подрачје на Загрепската жупанија. Замотаното тело го фрлил во бунарот во дворот, а го затрупал со градежен отпад и земја. Окното на бунарот го преместил пред викендичката, за да го прикрие местото каде што тој точно се наоѓал.

Членовите на семејството на жената во 2011 година ја пријавиле за исчезната.

Пет години по пријавата, осомничениот лажирал документи за да ги завери како да го купил станот на убиената, со што го привоил станот во заедничка станбена зграда.

Но, истрагат пред две години го довела него во врска со исчезнувањето, по што продолжиле и трагите ги однеле до викендичката.

Добиле налог за пребарување на викендичката, а дворот го прекопувале метар по метар.

На длабочина од седум метри, вчера било пронајдено тело, кое се верува дека ѝ припаѓа на убиената.

Телото е ексхумирано и дадено на обдукција. Убиецот е во притвор.