Смртта на најголемиот српски масон Драган Малешевиќ Тапи, до ден денес останува најголема мистеирја. Додека некои тврдат дека го убил Легија за пари, други ја обвинуваат полицијата

Кога ќе се изговори неговото име, истото се поврзува за масони и масонерија. Тој е роден на 22. јануари 1949 година во Белград. Се смета дека бил еден од водечките претставници на хипереализмот во српското сликарство.

Умрел на 29. октомври 2002 година. Неговата смрт предизвикала вистинска бура во јавноста. И додека едни тврдат дека умрел под несреќни околности, други сметаат дека бил убиен.

Небојша Тубиќ Жабац, во една прилика изјавил дека Тапи бил одличен фалсификатор на пари и дека кога тој ќе ги фалсфикувал, никој не можел да открие дека станува збор за фалсификат.

„Еднаш ми рече дека работи на некоја слика, некој Модилјанија. Ми рече дека ќе одела за Јапонија и ќе ја продаде за 7 милиони. Беше поврзан со некоја тешка организација. Кога ќе се чуеше со нив, едноставно се губеше“, вели Жабац.

Како што тврди тој, некој им кажал на Легија и Лимар дека кај Тапија има пет милиони.

„Кај Тапи имаше вистински пари, но и пет милиони фалсификувани. Но, тие сакале да откријат дали станува збор за вистински пари. И тогаш го малтретирале, го тепале со лопата, му ставале ќеса на глава. Двапати му ставале ќеса на глава мислејќи дека на тој начин сигурно ќе проговори. Сакале да го заплашат. Третиот пат кога му ставија ќеса, Тапи умрел“, изјавил Жабац.

Од друга страна писателот Дејан Лучиќ, вели дека Тапи бил голем патриот, но, дека бил убиен поради тоа што знаел многу за политичарите.

„Драган Малешевиќ Тапи беше голем патриот и добар човек. Тој говореше дека масон се раѓа, а не дека се станува. Тапи работел едно време за сојузната УДБА и тоа никогаш не го криеше. Знаеше многу, а под себе имаше некои 500 масони кои секогаш му изнесувале податоци за кражбите на политичарите. Тој беше ликвидиран од полицијата и угушен со ќеса на главата, затоа што тие информации доаѓаа кај него“, раскажал во една прилика Лучиќ.

Некогашниот оперативец ДБ, Бож Спасиќ, говорејќи за Тапи, вели дека Малешевиќ прво градел кариера во Франција.

„Може да го замислите како на 18 години почнал да фалсификува карти за воз на релација Белград Париз. Вие кај него сте можеле за 10 марки да купите карта која легално би ве чинела 300 марки“, објаснува Спасиќ.

Тој вели дека Тапи бил многу приврзан за службата и дека доаѓал во контакт со службите благодарение на Гишка.

„За операцијата „Дунав“, Гишка барал од Тапи да биде чистач. За тоа како ги исчистил тагите за Германците, до ден денес останува енигма“, вели Спасиќ.

Како што вели, Тапи умеел да се фали како ќе соборел режим.

„Умеел подоцна со себе да поведе некој Јово, за кој се велело дека умеел да ги предвидува настаните. Една вечер испланирал состанок со мене. Тогаш ми рече дека Јово видел некој во една зграда во Љубљана како седи и го планира распадот на Југославија“, изјавил Спасиќ.

Тапи говорел за масоните и изјаивл дека масонеријата има исклучителна важност насекаде во светот.

„За сите најважни одлуки учествуваат масоните. Ако ја земеме во предвид Америка за водечка светска сила, само таму има неколку милиони членови во масонското или парамасонските организации. Тоа што не се знае е дека е раширена црнечка масонерија. Масонеријата црни, Prince Hall, има 800.000 мажи и 300.000 женски членови. Може само да замислиме колку брои белата масонерија“, изјавил Тапи.

Тој појаснил дека во црната масонерија се наоѓаат и бели членови, а во белата нема црнци.

„Црната и белата масонерија одлично соработуваат, како и црната и белата ложа. Во американската армија постои институција на воена ложа. Напредувањето е незамисливо без членство во масонската организација“, раскажал Тапи.

Тој стигнал и до Јосип Броз Тито.

„Луѓето кои ништо не прочитале за масонеријата, а сепак сакаат да кажат нешто лошо за нив, воглавно велат дека главниот масон бил Тито. На овие простори постоела само една масонска организација сè до 1926 година. Тогаш од Големата ложа на Југославија се издвоила хрватската ложа Либертас.

„Језуитите изградиле језуитски колеџ во Загреб, чија главна програма била прогонството и уништувањето на масонеријата “, изјавил Тапи.

Тој тврдел дека ложата Либерас била против масонеријата од овие простори.

„Тито исто така припаѓаше на таа ложа. Но, тој не одеше на состаноците, не беше премногу заинтересиран. Тоа подоцна се искористим кога Черчил го одгледа на 33-ти степен во шкотски ритуал во Неапол”, откри Тапи.