На Јован Вукотиќ (42), водачот на „шкаљарскиот“ клан кој беше брутално убиен во Истанбул, џелатите наводно со месеци се обидувале да му влезат во трага, бидејќи во август минатата година ја напуштил Црна Гора и потоа му се губи секаква евиденција. Сега се појавија нови детали за атентатот на Вукотиќ, но и видео од ликвидацијата.

Лидерот на криминалната организација Бариш Нек, кој за атентатот добил 1,5 милиони евра од ривалската кавачка банда, им наредил на своите луѓе да го „убијат Вукотиќ“, пренесуваат турските медиуми.

Во истанбулското предградие Шишли, на 7 септември беше извршен вооружен напад врз автомобил. Цел на нападот бил Јован Вукотиќ, водачот на криминалната група „Шкаљари“. Вукотиќ, водачот на бандата, е убиен со четири куршуми од атентатор кој со мотор му се приближувал на автомобилот.

Забележано е дека Вукотиќ, кој илегално влегол во Турција, бил убиен во вооружен напад на двајца напаѓачи на мотор во истанбулскиот кварт Шишли, додека неговата сопруга и детето, како и возачот го преживеале нападот.

Кај Вукотиќ, кој починал, пронајден е лажен пасош издаден на име на Предраг Поповиќ. За потсетување, во минатото Вукотиќ имаше и лажен македонски пасош за кој во медиумите нашироко се пишуваше.

Да потсетиме, Вукотиќ беше убиен во тој турски град на 8 септември, пред очите на бремената сопруга, ќерката и возачот Е.К., кога оделе кон трговскиот центар.

Двајца напаѓачи на мотор се приближиле кон автомобилот и испукале четири куршуми кон водачот на „шкаљарите“. Осум дена подоцна турската полиција го уапсила роднината на Радој Звицер, водачот на кавачкиот клан, Радој Живковиќ, потоа Здравко Перуновиќ и уште 10 лица, меѓу кои наводно бил и убиецот и други логистичари.