Утрово ненадејно починал Јован Кнежевиќ, професор по математика во Шестата белградска гимназија, познат и по прекарот Јоца убица, соопшти Форумот на белградските средни училишта.

– Со длабока тага ја известуваме јавноста дека во денеска на 21 јануари 2023 година ненадејно почина професорот по математика на Шестата белградска гимназија и член на Главниот одбор на Форумот на белградските средни училишта. Заминувањето на професорот Кнежевиќ претставува огромна загуба за неговото семејство, колегите и студентите. Форумот на белградските средни училишта ќе го памети како посветен педагог и голем борец за правата на наставниците – велат од Форумот на белградските средни училишта.

Професионалната кариера Јован Кнежевиќ ја започнал во 1986 година во Шестата белградска гимназија, а ќе остане запаметен како повеќенаградуван професор и професор кој секогаш го ставал знаењето на прво место, поради што често бил изложен на разни видови притисоци од родителите, директорите и инспекторите. И покрај се, професорот Кнежевиќ никогаш не се откажа од своите принципи.

Да потсетиме, професорот Кнежевиќ неодамна беше суспендиран, а против него беше покрената дисциплинска постапка, откако родителите на учениците од второ одделение се пожалија на однесувањето на Кнежевиќ и строгите критериуми за оценување.

Пред околу еден месец, тој беше суспендиран и обвинет дека е престрог и ги малтретира децата кои го нарекуваа „Јоца убица“. Тој се бранеше дека е „убиец на незнаењето“.