Од протоѓаконот Владимир Јарамаз (43) од Никшиќ, кој вчера загина во страшна сообраќајна несреќа кај Никшиќ откако служеше литургија на големиот православен празник Св. Јован во соборниот храм Христовото Воскресение во Подгорица, се прости и познатиот пејач Никола Роквиќ.

Несреќата се случила вчера на Св. Јован околу 14 часот и 15 минути на автопатот Никшиќ-Подгорица, поточно кај градот Брља. Во сообраќајката се повредени неговите малолетни деца, сопругата и возачот на другото возило со кое се судрил протоѓаконот.

Пејачот Никола Роквиќ по веста дека протоѓаконот Владимир Јарамаз загинал во сообраќајна несреќа кај Никшиќ, на социјалната мрежа Инстраграм објави негова фотографија на која загинатиот е на богослужба во свечена црковна униформа и со кандило во раката.

Фотографијата ја објави во црно-бела боја.

– Со Господ брате!!! – напиша пејачот Роквиќ.

Да потсетиме, Јарамаз починал на лице место, а неговата сопруга и двете деца се пренесени во општа болница Никшиќ.

Фотографија од тешката сообраќајка

– Кобниот ден парохискиот ѓакон на соборниот храм Христово Воскресение во Подгорица бил во автомобил „ауди караван“ со семејството, сопругата и ќерките, а од непозната причина дошло до директен судир со друг патнички автомобил, се вели во извештајот на црногорскиот весник „Дан“ за несреќата.

– Девојче (7) има полесни повреди и се наоѓа на Одделот за хирургија, додека друго девојче (12) има повреда на главата и е препратено во Клиничкиот центар Подгорица. Нивната мајка М.Ј., била примена на операција и има полесни повреди. Лицето кое било во другото возило со кое се судрило ова семејство е примено на операција и засега нема сериозни повреди, објави „Дан“.