Страшна трагедија ја потресе Хрватска откако пијано момче ја усмрти својата девојка во сообраќајна несреќа управувајќи го нејзиниот автомобил марка БМВ, јавува Индекс.хр.

Во просториите на Општинското државно правобранителство во Загреб денеска на распит беше 25-годишниот возач Јаков В., осомничен за предизвикување сообраќајна несреќа во која ноќта меѓу четвртокот кон петокот загина 26-годишната девојка Михаела Х. Обвинителите предложија едномесечен притвор, а одлуката ќе ја донесе истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб.

Да потсетиме, несреќата се случила околу 20:30 часот во Дубрава, кога возачот на БМВ-то поради пребрзо возење по западниот пат од улицата Мандлова во јужен правец, каде брзината е ограничена на 50 км/ч, при сопирање изгубил контрола над автомобилот, преминал на десната лента, налетал на тротоарот и слетал на тревникот. БМВ-то продолжило неконтролирано да се движи се додека не удрило во бандера.

Се бара притвор за 25 годишниот Јаков

Михаела починала на лице место. Таа беше мајка на тригодишно девојче. Починала во нејзиното бордо БМВ 1 кое вечерта го возел Јаков.

Полицијата утврдила дека тој во моментот на несреќата бил пијан. Измерени му се 1,11 г/кг алкохол во организмот. Во несреќата тој не е тешко повреден.

Фотографија од уништеното БМВ

Како што објави Јутарњи, тој плачел на распитот во Општинското државно правобранителство. За неговата понатамошна судбина ќе одлучува истражниот судија на Жупанискиот суд во Загреб, со оглед дека обвинителите му предлагаат едномесечен притвор.

Детали за несреќата

Полицијата вчера ги соопшти деталите за несреќата:

„Околу 2 часот и 30 минути во Дубрава, 25-годишен возач под дејство на 1,11 г/кг алкохол во телото управувал автомобил БМВ со загрепски регистерски таблички и се движел по западниот коловоз на улицата Мандлова во левата сообраќајна лента во јужен правец.

Во сообраќајна несреќа загина 26-годишна сопатничка, а по извршениот увид телото е пренесено во Институтот за судска медицина и криминалистика.

Заменикот на Општинското кривично државно правобранителство излегол на местото на настанот и со помош на увидна екипа од 1-ва станица на сообраќајната полиција во Загреб изврши увид за сообраќајната несреќа.