Водата не е течност. Ова шокантно откритие на професорот по биоинженерство Џералд Полак ја запрепасти научната јавност. Тој вели дека постои и четврта агрегатна состојба на водата и не е сѐ Н2О. Таа вода ја нарекол ЕЗ вода. Неговата научна теорија е прогласена за револуционерна. Целата измината деценија овој научник ја убедува светската јавност дека водата всушност не е течност. Професрот Полак, кој докторирал биоинженерство на универзитетот во Пенсилванија, работејќи долги години на универзитетот во Вашингтон на темата мускули и како се контрахираат, открил дека иако се смета дека 99% од мускулите се вода во нивното контрахирање не е вклучена вода.

Тој вели дека ова е една од најголемите тајни на природата. Во својата книга „Клетки, гелови и покренувачи на животот“ од 2001 година објаснува како функционираат клетките. Во своето истражување вели дека водата е важна за сите функции на клетката но има фазен премин. Клеточната цитоплазма всушност е во облик на гел, а не на воден раствор како што се смета и изучува во учебниците до денешницава.

Водата на клетките им дава негативен набој.

Водата од чешма е Н2О, а ЕЗ водата всушност има структура Н3 О2 . Таа е повискозна, средена, алкална и поседува поинакви оптички својства. Оваа вода е со 10 пати поголема густина и негативен набој односно електричен потенцијал. Тој ова го тврди на основа на доказот дека ако се стави една електрода во која било клетка ќе се измери негативниот набој, независно од клеточната мембрана. Внатрешноста на клетката е густа како гел. И тој негативен набој го добива од ЕЗ водата, а не од обичната Н2О.

Според професорот Џералд Полак клучна состојка за да се создаде ЕЗ водата е светлината, односно електромагнетната енергија било како сончева светлина, УВ светло или Инфрацрвено светло, со кои сме опкружени насекаде. Инфрацрвеното светло е најсилно. ЕЗ водата може да се создаде на која било хидрофилна површина каде што го има ова светло.

Во природата ЕЗ водата настанува така што слој по слој молекулите се редат еден врз друг. На пример мразот не се создава директно од обична вода туку прво преминува во ЕЗ вода а потоа се претвора во лед. Исто така и кога се топи. Значи дека ЕЗ водата е премин од обичната вода до замрзнатата.

Затоа професорот Полак вели дека таа вода растопена од мразот е подобра и поздрава за човечкиот организам. Тој тестирајќи примероци од вода во УВ области открил дека на бранова должина од 270 нанометри ЕЗ водата впива светлина. Потврдил дека водите од реките Ганг во Индија и Лурд во Франција содржат големо количество од Ез водата. Тоа е всушност тајната на светата вода и нејзиното исцелувачко својство.

Изворската вода под притисок станува структурирана, Растопената вода од мразот е покорисна пред да се претвори во обична. Со центрифугирање што е честа појава како вртлози на реки, водопади и слично создаваат ЕЗ вода, но и со механичко центрифугирање. И со цедење од билките се добива структурираната вода.

Сончевата светлина создава структурирана вода затоа е препорачливо да се пие таква вода. Црвените крвни зрнца се движат низ крвните садови многу побрзо под дејство на светлина. Инфрацрвеното светло ги поттикнува сите движечки процеси во нашиот организам. Овие навистина интересни сознанија се предмет на изучување и развивање, на докажување на оваа теорија на научниците од цел свет кои на меѓународни собири и конференции го разменуваат своите искуства.