Небојша Стефановиќ, поранешен министер за внатрешни работи и одбрана во Србија, е во врска со Миа Никетиќ, која долго време се занимава со манекенство.

Блиските на поранешниот министер, според пишувањата на српските медиуми, велат дека делуваат многу заљубено и среќно и дека ретко се разделуваат, а на социјалните мрежи е многу активна и Миа.

– Миа се појавуваше како модел на домашни ревии, а дипломираше на ветеринарен факултет. Таа често се фотографира во долна облека за социјалните мрежи, а на една објава ја гледаме топлес. Се сликала на плажа додека читала книга, а во преден план е нејзиното извајано тело, пишува Блиц.рс.

Да потсетиме, поранешниот министер се разведе од сопругата Ана, со која има две деца – син и ќерка. Разводот се случи без голема помпа.

Небојша Стефановиќ во последниот мандат на Владата на Србија ја извршуваше функцијата министер за одбрана, а претходно и министер за внатрешни работи. Во актуелниот кабинет на Ана Брнабиќ, Стефановиќ не презеде ниту еден ресор.

📸