Јусоф Ирфан, вработениот во ЈСП кој испрати мејл со лажна дојава дека е поставена бомба во кругот на претпријатието, доби притвор од Кривичниот суд, по барање на Обвинителство за гонење организиран криминал и корупција, дознава „А1он“.

Според информации на „А1он“, вработениот е осомничен за тешко кривично дело тероризам, поради пратениот е-мејл.

Засега нема информации поради кои причини е побарана оваа мерка, односно дали е поради опасност од бегство, повторување на делото или влијание на сведоци. Ирфан, ќе остане 48 часа во притвор, кој ќе го издржува во затворот „Скопје“ во Шутка.

Дојавата за поставена бомба стигнала до мејловите на директорите во ЈСП. Бил испратен утрината, околу пет часот. Неофицијално, во него пишувало дека поради тоа што не биле исплатени платите на вработените, додека трае протестот пред Влада, бомбата која е поставена ќе експлодира.

Вработени во МВР, детално ги проверуваа сите автобуси по оваа дојава, но не беше пронајдена експлозивна направа.

Неофицијално, во пораката стоело дека бомбата е поставена на скриено место, па Ирфан додал: „ќе загинат многу луѓе…“. Додека траеја проверките во ЈСП, Ирфан беше уапсен.