Претседателот на синдикатот на ЈСП, Миќо Стојановски информира дека вечерва пред Владата има 15-тина дабл декери, двокатни автобуси и тие се таму по налог на градоначалничката Данела Арсовска.
-Тоа е еден вид притисок врз Владата за што побрзо да реши тој нивен клинч околу долговите што Владата ги има кон ЈСП за блок дотации за превозот на средношколците и студентите во градот Скопје, рече тој во емисијата „24 анализа“.
Тој додаде дека возачите се вратиле на своите работни места после одлуката на Советот на град Скопје и договорено е како понатаму ќе тече финансиската инјекција кон ЈСП Скопје.
Претходно заменик-градоначалникот на град Скопје, Александар Трајановски најави дека автобусите ќе останат на „Илинденска“ сѐ до исполнување на нивното барање.
Be the first to write a comment.