Во несреќа во паркот во Оренбург повредени се 20 лица, меѓу кои 12 деца, 15 повредени се во болница, од кои една жена е во критична состојба, а едно дете е во тешка состојба. Останатите се во средно тешка состојба, соопшти прес-службата на Министерството за здравство на Русија.

Несреќата со рингишпил се случи во саботата, на 6 мај, во паркот „Оренпарк“, кога структурата буквално се подели на половина за време на возењето.

Според последните податоци, повредени се 20 лица, меѓу кои и деца. Од кабинетот на градоначалникот соопштија дека падот на рингишпилот е поради дефект на механизмот.

„Според оперативните податоци, како резултат на инцидентот во Оренпарк, повредени се 20 лица, од кои 12 деца, осум лица се упатени на амбулантско лекување. Во болниците во Оренбург се хоспитализирани 12 лица, меѓу кои шест деца. Сите пациенти се прегледани“ се наведува во соопштението.

Се појаснува дека една жена со повеќе повреди се наоѓа во критична состојба на одделението за интензивна нега. Во тешка состојба е и 10-годишно дете, исто така е на интензивна нега, додаваат од прес-службата.

На одделенијата за траума се лекуваат уште десет пациенти во умерено тешка состојба, објаснуваат од Министерството за здравство.