На социјалните мрежи се појави вознемирувачко видео од железничкиот премин кај Ваљево, а како што можете да видите за влакно е избегната трагедија.

Имено, како што може да се види на видеото, возачот на автомобилот се обидел да ја помине пругата додека се приближувал брз воз. За среќа, шоферот во последен момент го забележал возот и го придвижил возилото наназад.

Возот сепак удрил во предниот дел на автомобилот, но за среќа, трагедијата била избегната, а возачот на автомобилот останал неповреден.

Откако поминал возот, излегол од автомобилот и од шок само ги ставил рацете во џеб. Дефинитино имаше среќа што остана жив.