Четиригодишно дете од Србија кое со родителите летувало во популарното летувалиште Ханиоти, на полуостровот Халкидики додека било на плажа се загубило, јавуваат грчките медиуми.
На момчето му се загубила секаква трага од плажата пред хотелот каде што било сместено српското семејство, па родителите веднаш ја известиле полиција која започнала потрага.
Сепак, малото момче се сетило на патот до хотелот и тргнало натаму. Еден час подоцна е пронајдено и вратено кај родителите кои биле видно вознемирени поради неговото исчезнување.
Be the first to write a comment.