– Ќе направам се’ и по секоја цена да го најдам мојот брат, му порачал братот на Мартин Јовановски на првиот човек на спасувачите волонтери на OFKATH, Христос Рамос.
Како што пишува утрово онлајн изданието на весникот „Прототема“, утре изутрина братот на 31-годишниот Мартин Јовановски, кој шест дена се води како исчезнат, ќе дојде од САД во Грција.
– Братот на Мартин утре наутро ќе дојде со лет од САД до аеродромот Македонија, од каде што ќе го земе шефот на спасувачите волонтери на OFKATH, Христос Рамос и ќе заминат за Халдики, пишува „Прототема“.
Рамос, во изјава за Voria.gr пренесувајќи ги зборовите братот на Мартин, вели дека братот ги замолил да се подготват за голема операција, бидејќи ќе направи се што е потребно за да го лоцира својот брат.
– Неговиот брат ми рече дека ќе ги помести небото и земјата за да го најде својот брат, мобилизирајќи се што му треба. Не извести да бидеме спремни на се и може повторно да се вклучи авион во потрагата, како што беше и вчера, забележува шефот на волонтерски спасувачи.
– Ќе направам се и по секоја цена да го најдам мојот брат, му рекол братот на Мартин на Рамос.
Воедно информира дека психолошката состојба на мајката на 31-годишниот е доста тешка. „Се надеваме дека со доаѓањето на другиот син таа ќе може малку да се смири. Таа е жена сама во земја која не го ни зборува локалниот јазик. Дури и некои нејзини роднини кои дојдоа од Северна Македонија си заминаа и таа е сосема сама, само со нас“, додава тој.
Пријателот на Мартин, Иван, кој беше спасен по 19 часа во вода, веќе апелираше за финансиска помош откако отвори сметка за донации за да ја поддржи потрагата по 31-годишниот Мартин.
– Според извештаите на медиумите во Северна Македонија, во потрагата ќе учествуваат повеќе пловни објекти на Грчката крајбрежна стража, хеликоптер, како и копнено возило и локални волонтери од локалното население. Крајбрежната стража делува во потрагата со два патролни чамци, пишуваат грчките медиуми.
Воедно, се посочува дека дипломатските власти на Северна Македонија во Солун и Атина „остануваат во интензивен контакт со надлежните органи на Грција и семејството на исчезнатото лице и секоја информација ќе биде навремено пренесена“, се наведува во соопштението на Министерството за надворешни работи на Македонија.
Be the first to write a comment.