Според информациите, едно лице загина во тешката сообраќајна несереќа на патот Штип – Кочани , која се случи вечерва меѓу автобус со беровски регистерски таблички и возило опел астра.

Сообраќајката се случила во 19.45 часот. Лекарите од Итната медицинска помош констатирале дека загинал сопатникот од автомобилот, а возачот со повреди е хоспитализиран во Клиничка болница Штип.

Нема повредени лица во автобусот. Сообраќајот е во прекин. Повеќе информации наскоро.