Нова трагедија вечерва на експресниот пат Штип-Кочани. Од засега непознати причини автомобилот марка „Опел Аста“ се забил во автобус, при што загина совозачот од автомобилот со пробиштипски регистарски ознаки.

На терен се брза помош, полиција и пожарна. Се очекува да пристигне и дежурен јавен обвинител за да изврши увид на местото на несреќата. Сообраќајката се случила во 19.45 часот.

Лекарите од Итната медицинска помош констатирале дека загинал сопатникот од автомобилот, а возачот со повреди е хоспитализиран во Клиничка болница Штип. Поради случената сообраќајна несреќа, патниот правец е во прекин.

📸

📸