Вонредна информација пристигна од АМСМ.

ПРЕКИН НА СООБРАЌАЈ: Поради сообраќајна незгода, затворен е експресниот пат од Штип до Кочани, поточно од клучка Три Чешми до клучка Пробиштип.

Нема повеќе информации за сообраќајната несреќа.

Пред само два дена на новогодишната ноќ момче прегази двајца другари, едниот почина во штипската Клиничка болница, а вториот се бори за живот.

Тогаш во извештајот на МВР пишуваше:

Според СВР Штип, околу 5.20 часот било пријавено дека на магистрален пат Штип – Кочани, на место викано „Брилијант“, патничко возило „опел астра“ со скопски регистарски ознаки, управувано од К.Т. од Скопје, удрило во 21-годишниот А.Ѓ. од село Кадино, скопско и во А.П. од село Трубарево, скопско, кои претходно патувале во истото возило. Двајцата се здобиле со повреди и биле пренесени во Клиничка болница Штип, каде што во 7.15 часот А.Ѓ. починал , а кај А.П. биле констатирани телесни повреди.