Три лица загинале откако најмалку 12 возила се судриле на различни локации покрај автопатот во југозападниот дел на американската сојузна држава Арканзас, јавува NBC News.

Несреќите се случиле на источната лента на автопатот во близина на Френдшип и на околу 80 километри од Литл Рок, главниот град на Арканзас.

Сѐ започнало со судир на два камиона и после тоа имало уште најмалку два верижни судири, а според локалната полиција сообраќајката се случила поради лошото време.