Владата на Бугарија, предводена од премиерот Кирил Петков падна. Бугарските пратеници штотуку ѝ изгласаа недоверба.

Предлогот да се изгласа недоверба го поддржаа 123 пратеници во 240-члениот парламент.

„Против“ изгласување недоверба на владата гласаа 116 пратеници.

За недоверба на Владата гласаа 59 пратеници од ГЕРБ-СДС, 33 на ДСП 19 од Има таков народ (ИТН) и 12 на Преродба.

Владата на Петков, пак, ја поддржаа 67 пратеници од неговата партија Продолжуваме со промените, како и нивните колеги од коалициските БСП – 26 и Демократска Бугарија – 16 пратеници.