Владата на денешната седница донесе одлука за распуштање на Советот на општина Тетово.

Одлуката на извршниот орган доаѓа по барањето на Министерството за локална самоуправа, кое претходно беше известено од општина Тетово дека до 31 март не успеала да ја одобри завршната сметка на буџетот, предвидена во член 75 од Законот за локална самоуправа.

Владата на денешната седница донела решение за распуштање на Советот на Општина Тетово, дознава МКД.мк.

Решението е донесено врз база на информацијата поднесена од Министерството за локална самоуправа во која, повикувајќи се на законските одредби, е наведено дека Советот до 31 март не ја донесе завршната сметка за 2021 година и дека поради тоа треба да се оди на избори.

Постапката од Владата се сели во Собранието на Македонија, во надлежност на претседателот Талат Џафер е одлуката за распишување на избори.