Министерството за внатрешни работи (МВР) објави дека починат маж вчера попладне е пронајден во стан во Кисела Вода.
Од МВР велат дека лицето е пронајдено починато во сопствениот стан, а случајот бил пријавен во 18.45 часот.
Полицијата утврди дека станува збор за 73-годишниот Г.И. од Скопје.
„Лекар од Итна медицинска помош констатирал смрт без видливи траги на насилство, а увид извршила екипа од Полициската станица Кисела Вода и Јавен обвинител, по чија наредба телото било дадено на обдукција“, велат од МВР.
Be the first to write a comment.