Речиси една недела откако во атарот на Ново Село беше пронајдено мртов 26 годишниотЈован Витанов од Струмица официјалните органи, се уште немаат институционален одговор како настапила смртта кај момчето.

Од јавното обвинителство соопштуваат дека се работи на случајот но детали не откриваат иако по социјалните мрежи веќе кружат детали од искази и што се случувало во критичните моменти. Од обвинителството велат дека од првата обдукција не биле констатирани причините за смртта заради што била издадена наредба за дополнителна тимска реобдукција.

„Бидејќи не можеше со сигурност да се утврди точната причина за смртта, јавниот обвинител издаде Наредба за обдукција на телото на починатиот. Со оглед на тоа што обдуцентите и по неколку дена не можат да се произнесат за причините поради кои настапила смртта, издадена е наредба за дополнителна тимска реобдукција на телото на почнатиот. Резултатите од овој вешт наод се уште не се пристигнати.“ – информираат од ЈО.

Деновиве како што велат од Јавното обвинителство биле извршени претреси во домови и простории на повеке лица со кои починатиот ги остварувал контакти последните денови. Била издадена наредба за обезбедување на снимки од видео надзор од еден објект но и за вештачење на мобилни телефони. Од мобилните оператори побарани се податоци за остварената телефонска комуникација на сега починатиот а се врши и вештачење на предметите пронајдени во близина на телото на починатиот.