Поп пејачот Ламбе Алабаковски, кој беше во куќен притвор, од денеска е на слобода, но нему му е одземена патната исправа, како мерка на претпазливост. Вака одлучи Кривичниот совет на Основниот суд во Битола , потврди за Телма адвокатот на Алабаковски, Дарко Стефановски.

Тој е осмничен за подметнување на пожарот во Културниот центар Ванчо Михајлов во Битола, а според полицијата го признал делото.

Настанот се случи на 4 јуни, во раните утрински часови кога Алабаковски со бензин го запали влезот на културниот центар по што изгоре влезната врата на објектот.

Првично му беше одреден 8 дневен притвор, кој беше заменет со куќен притвор, со образложение дека постои можност за бeгство затоа што пејачот има двојно државјанство, македонско и на САД каде живееше до неодамна. Се гони за предизвикување општа опасност по член 288 став 1 за што е предвидена казна затвор од 6 месеци до 5 години.