Во црногорското село Кошаница кај општина Пљевља утрово термометарот падна под нулата.

Ова го покажала автоматската мерна станица на Хидрометеоролошкиот и сеизмолошкиот на Црна Гора. Според овие податоци, во 5 часот и 40 минути температурата била речиси еден степен под нулата.

Како што пренесува порталот RTCG, во тој регион често се бележат записи за ниски температури.

Во Кошаница минатата зима најниската температура досега забележана во Црна Гора беше минус 33,2 степени.