Во тешка сообраќајна несреќа, која се случи околу 17 часот и 30 минути на регионалниот пат Тиват – Радовиќи, едно лице го загуби животот, а неколкумина се повредени.

Во директен судир на две комбиња загинал државјанин на Турција (51), а тешко се повредени двајца негови сонародници и државјанин на Црна Гора.

На местото на настанот веднаш излегле екипи на Службата за заштита и спасување на Тиват и екипа на Итна медицинска помош од Тиват.

Тие од смачканите возила ги извлекле повредените, им укажале прва помош и ги префрлиле на понатамошно лекување во Општата болница во Котор.

Засега не се знае со сигурност како дошло до несреќата, а тоа ќе го утврди истрагата на полицијата и обвинителството.

Неофицијално, патничко комбе „фиат добло“ во кое имало пет работници од Турција кои се враќале од работа на градилиште, преминало на спротивната лента и директно удрило во „рено канго“ на угостителска служба, позади чиј волан бил црногорски државјанин.