Второто основно јавно обвинителство во Белград им одреди притвор на две лица, жена М.С. и маж со истите иницијали М.С., за кривичното дело Разбојништво извршено денеска во Белград.

Како што дознаваат српските медиуми, мажот кој е оштетен во овој случај сакал да изнајми проститутка во близина на Синиот мост, која потоа го ограбила.

– Тој најпрвин во неговото возило ѝ ја предал сумата од 4.000 динари (околу 2.000 македонски денари) на М.С., која нудела сексуални услуги под „Синиот мост“, а таа му дала кондом и му рекла да се соблече, а потоа излегла од возилото за наводно да ги раситни парите, за потоа да се врати во возилото – наведува изворот на „Блиц“ и додава дека таа потоа дошла во придружба на машко лице со иницијали М.С.

– Со закана со опасно оружје на жртвата му ги одзеле сите пари што ги имал со себе – додава соговорникот.

Осомничените утре на распит ќе бидат донесени во Второто ОЈО во Белград, а против осомничениот М.С ќе биде поднесена кривична пријава за претходно сторено кривично дело тешка кражба, а ќе бидат поднесени и соодветни прекршочни пријави за проституција.