Милан Алексиќ (24) од населеното место Футог во близина на Нови Сад загинал, а Александар К. е повреден во страшната несреќа што се случила ноќта меѓу петокот и саботата, кога со „мерцедес“ удриле во тракторска приколка полна со зелка, јавуваат српските медиуми.

Трагедијата се случила околу четири часот наутро. Милан бил зад воланот на „мерцедесот“ и се движел од правец на Нови Сад. Од засега неутврдени причини, во еден момент изгубил контрола над возилото и прво удрил во билборд, а потоа и во трактор-приколка што превезувала зелка. Лекарите од итната помош, кои набрзо се појавиле на местото на несреќата, за жал, можеле само да констатираат смрт.

Страшна глетка ги пречека жителите, бидејќи автомобилот бил целосно згмечен, а делови од возилото биле расфрлани на патот. Сликите од страшната соообраќајка потоа се појавија на социјалните мрежи.

-Вака изгледа „мерцедесот“ во кој загина момчето во Футог. Несреќата се случила утрово по четири часот. Се претпоставува дека поради несоодветна брзина изгубил контрола и удрил во приколка која била натоварена со зелка. Автомобилските делови се расфрлани насекаде. Сопатникот е тешко повреден, се ели во една од објавите.

Со тешки телесни повреди се здобил Александар К., кој бил со Милан при несреќата. Тој во свесна состојба бил пренесен во Клиничкиот центар во Војводина, каде му била извршена операција.

По несреќата полицијата излегла на местото и започнала увид.

– Трагедијата се случила на блага кривина, па се претпоставува дека Милан го загубил правецот поради лизгавиот и влажен коловоз и брзината неприлагодена на условите на патот – вели изворот на Ало!.

И жителите на Футог сметаат дека несреќата ја предизвикал дождот, односно лизгавиот коловоз. Имаат само пофални зборови за загинатиот млад човек. Според нив, тој бил многу добро момче кое никогаш не правело проблеми.

– Беше, како што велат, примерно момче. Фино, воспитано… Сите се во шок. Не можам да замислам како е за неговото семејство. Само сцената на местото на несреќата ја замрзнува крвта во вените – изјавил еден од познаниците на Милан.

По завршување на истрагата, „мерцедесот“ е однесен и ќе биде извршен детален преглед за да се утврди дали има дефект на возилото. Истрагата што е во тек треба да покаже што точно довело до оваа трагедија.