Долгогодишниот новинар на црногорскиот медиум „Вијести“, Борко Ждеро трагично почина на 43-годишна возраст.
Ждеро загина во пожар во куќа во Мартиници, а од Управата на полицијата за „Вијести“ велат дека пожарот избувнал вчера нешто по 18 часот.
– Ждеро остави длабока трага во „Вијести“, каде што помина повеќе од две децении работејќи во градската хроника и во делот за општество. Неговата новинарска работа ја карактеризираа многубројни репортажи и прилози од различни вонредни ситуации. За време на својата работа во градската хроника, како помошник уредник, работел со многу млади новинари на кои им помогнал да ги совладаат основите на новинарството, објави црногорскиот весник.
Тој беше особено популарен меѓу колегите, препознатлив по исклучително веселиот дух.
Be the first to write a comment.