Незамислива трагедија е забележана денеска во раните утрински часови на грчкиот остров Крит, кога 30-годишна жена починала додека јадела со своите пријатели во Ретимно.

Според информациите на грчките медиуми, сето тоа се случило нешто по еден по полноќ ноќеска, кога 30-годишната девојка јадела и пиела со своето друштво кога наеднаш доживеала отежнато дишење.

Иако жената со амбулантно возило била пренесена во ургентниот оддел на болницата во Ретимно, таму, за жал, лекарите не можеле да направат ништо бидејќи починала.

Проценките укажуваат дека животот на несреќната жена најверојатно згаснал поради срцев удар при опструкција на дишните патишта. Со други зборови, се проценува дека во грлото и се заглавило количество храна поради што и биле блокирани дишните патишта.

Веста за смртта на 30-годишната девојка ја шокираше локалната заедница, семејството и пријателите кои биле со неа бидејќи сè се случило за неколку секунди.

Точната причина за смртта ќе ја расветли обдукцијата што ќе ја изврши лекарски вештак.