Две возила се судрија околу 17 часот на крстосницата на булеварот Партизански одреди и улицата Рузвелтова, во близина кај Симпо.

Во несреќата учествуваа две возила, БМВ и Ауди. Полицијата излезе на терен. Сѐ уште нема информации за повредени лица.

Полицијата порачува вечерва да се вози внимателно и да не се управува со возило во алкохолизирана состојба.

Најдобро оставете ги автомобилите дома и одете на прослава.

📸