Почина млад навивач на Победа Прилеп, познат член на навивачката група „Мајмуни“, Мартин Димоски – Мевцето.

„Премалку е брат наш, боли и нема да престани. Чувај не и се гледаме еден ден таму горе ! 1988-2022, Мартин Димоски – Мевцето“, објавија на социјалните мрежи од навивачката група.

Вчера, локалните медиуми под градот на Марковите Кули пренесоа дека млад прилепчанец роден 1988 година си го одзел својот живот.

– Немилиот настан се случил утрово, а денеска, во 10:20 часот ваквиот настан бил пријавен во полициската прилепска станица. Врз основа на пријавата, настанот се случил на ул.„Страшо Пинџур“ бр.3 во Прилеп, во сопствениот дом на М.Д. (1988) каде самиот тој извршил caмoyбиcтво со пиштол во пределот на сопствената глава. Веднаш потоа, смртта е констатирана од страна на доктоp на ИМП, објави порталот станица.мк.