„Четириесет и тригодишниот Т.А. од Свети Николе во 7:50 часот пред Пензионерскиот дом во Свети Николе со пиштол пукал кон 32-годишната О.Б. од Свети Николе. Таа се здобила со повреда, констатирана во Клиничката болница Штип, а потоа Т.А. пукал во себе по што починал“, стои во соопштението на СВР Штип.

Извршен е увид од јавен обвинител и полициски службеници од СВР Штип и се преземаат мерки за расчистување на случај.

Според првичните информации мотивот е невозвратена љубов. Повредената жена е надвор од животна опасност.